World News in Macedonian

Бајден ќе се сретне со ирачкиот премиер во Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон ќе се сретне со ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими на 26 јули, соопшти денеска Белата куќа. Портпаролката Џен Псаки изјави дека овој состанок ќе го потенцира стратегиското партнерство меѓу САД и Ирак.


„Бајден се надеван на зајакнување на соработката со Ирак за безбедносните прашања кои вклучуваат заеднички напори за да се обезбеди конечен пораз на милитантната група Исламска држава“ вели таа.


Се очекува ирачкиот премиер Кадими да се заложи за одредена временска рамка на повлекување на американските војници. Околу 3 500 меѓународни војници од кои 2 500 Американци беа распоредени во Ирак во 2014 година во борбата против ИД.



Бајден и Меркел разговараа за соработката, но и за разликите
Меркел во Вашингтон на средба со Бајден




Средбата во Белата Куќа доаѓа во време на загриженост за почести напади со ракетни и беспилотни летала против американски воени и дипломатски објекти во Ирак. На почетокот на јули беа испукани 14 ракети кон воздушната база Аин ал Асад каде што се сместени американските трупи во западната провинција Анбар. При нападот беа полесно повредени двајца вработени. За нападите се обвинуваат вооружени групи поддржани од Иран.

Читайте на сайте