Активисти во Пакистан протестираа против полициска рација
Пакистански активисти велат дека полицијата извршила рација во камп што го поставиле жртви на нагазни мини во северозападната племенска област Јужен Вазиристан.
Шерзада Мехсуд од движењето за граѓански права Паштун Тахафуз (ПТМ) за Радио Слободна Европа изјави дека еден од нејзините водачи е повреден за време на денешната рација.
Демонстрантите подоцна го блокираа патот меѓу областите Макин и Тенк, повикувајќи да биде суспендиран началникот на локалната полициска станица.
Шефот на полицијата во Јужен Вазиристан, Шаукат Али, изјави дека го истражува случајот и дека подоцна ќе сподели детали со медиумите.
Во Пакистан убиен полицаец кој обезбедувал тим за вакцинација против полио
Неколку жртви на нагазни мини и активисти за граѓански права пред повеќе од две недели го поставија кампот во областа Котки во Јужен Вазиристан, повикувајќи ги властите да расчистуваат нагазни мини, да обезбедат финансиска помош и работа за ранетите од оружјето, како и да обезбедат надомест за семејствата на убиените.
Илјадници жители на Јужен Вазиристан се вратија во своите домови откако пакистанската воена офанзива против исламистичките милитанти ги натера да ги напуштат во 2009 година.
Пакистанските безбедносни сили соопштија дека започнале операции за расчистување на Јужен Вазиристан и други племенски области од нагазни мини кои однесоа животи или сериозно ранија стотици луѓе.