World News in Macedonian

Нов обид за составување влада во Романија

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска го назначи пензионираниот генерал Николае Чиука за мандатар за состав на новата влада. Со оваа одлука на претседателот Јоханис се стави крај на едномесечниот политички ќорсокак.


„Политичката криза мора да заврши сега. Сега. Сега сите заедно треба да ставиме крај на оваа криза, што трае предолго, со оглед на пандемиската криза и драматичната состојба во болниците како што доаѓа зимата“ изјави Јоханис.


54 годишниот либерал Чиука кој сега е вршител на должноста министер за одбрана, служел во воените мисии под водство на САД во Ирак и Авганистан. Тој како мандатар има рок од десет дена да ги зацрта владините насоки на делување и да ја добие довербата од парламентот.



Неуспешен обид за формирање влада во Романија


Претходниот мандатар Дачијан Чиолос вчера не успеа да ја добие довербата на парламентот за неговата центристичка малцинска влада.


Романскиот претседател му даде мандат на Чиолос, лидерот на партијата УСР, да формира нова влада, откако неодамна беше изгласана недоверба на коалициската влада предводена од Флоријан Циту, која траеше само девет месеци.

Читайте на сайте