World News in Macedonian

МВР ќе ги проверува наводите за лажни сертификати во казино во Дојран

Министерството за внатрешни работи најави дека ќе изврши проверка за наводите во грчите медими дека во казино во Дојран се издаваат лажни ковид сертификати. Во соопштението на МВР е наведено дека до сега до нив не пристигнала пријава за такво нешто, но сепак ќе ги проверат наводите.


Грчки медиуми, повикувајќи се на прилог на грчката телевизија „Опен“, јавија дека во казино во близина на македонско-грчката граница кај Дојран се издавале лажни ковид сертификати.


„Ова е опасна јавно здравствена шема која се одвива во „коцкарските храмови“ на Македонија, а посетителите добиваат бесплатен, негативен брз тест за да се вратат во Грција, објави Опен.


Поточно, казината даваат лажни сертификати за брз тест без да се случи испитувањето со цел на овој начин да привлечат клиенти од Грција и да им го олеснат поминувањето на граничните контроли.


Во многуте казина што постојат на границата, специјално за Божиќ и Нова година се поставува атрактивна сцена на славење и без мерки за заштита од ширењето на коронавирусот. Во овие казина, 8 од 10 клиенти се Грци, а целиот процес се одвива во моментот кога клиентите ги добиваат своите чипови на шалтер, се вели во извештаите на грчките медиуми.

Читайте на сайте