World News in Macedonian

Нови 1 725 случаи на ковид-19, двајца починати

Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, информира дека во последните 24 часа се направени се 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 1028, а потоа следуваат Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61, Куманово – 52, Кавадарци – 43, Гевгелија – 32, Штип – 31, Струмица – 24, Тетово – 22, Гостивар – 21, Кичево – 20, Велес – 16, Кочани – 14, Делчево – 13, Крушево – 12, Струга – 10. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени.



Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се две починати лица во болнички услови. За истиот период регистрирани сe 332 оздравени пациенти.


Со ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, на починати е 8.002, а бројот на активни случаи изнесува 8.209.

 

Читайте на сайте