World News in Macedonian

Нови 632 случаи на ковид, починати 7 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направен е 6.531 тест, а регистрирани се 632 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 248 пациенти, а починати се 7 лица: по 2 починати лица од Скопје (68г и 76г) и Битола (40г и 75г) и по едно починато лице од Прилеп (67г), Охрид (72г) и Крушево (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови.



Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, по едно лице од Прилеп, Кратово, Дебар и Гостивар, починати во период од 20.12.2021 до 05.01.2022г. Починатите се на возраст од 69 години до 87 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.



Над 300 милиони случаи на Ковид-19 во светот


Досега во земјата се направени вкупно 1.648.399 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 232.068, бројот на оздравени пациенти е 214.506, на починати е 8.023, а бројот на активни случаи изнесува 9.539.

Читайте на сайте