World News in Macedonian

МИ5 предупредува дека кинески агент се инфилтрирал во британскиот парламент

Британската безбедносна служба МИ5 издаде ретко предупредување до пратениците дека кинески агент се инфилтрирал во парламентот за да се вмеша во британската политика.



Во предупредувањето се наведува дека Кристин Чинг Куи Ли „воспоставила врски“ за Комунистичката партија на Кина со сегашни и идни пратеници. Потоа им давала донации на политичарите, а средствата доаѓале од странски државјани од Кина и Хонг Конг.



Предупредувањето е издадено по „значајна и долготрајна“ истрага на МИ5, изјавила извори за Би Би Си. Службата за безбедност наведува дека секој кој го контактирала Ли треба да биде „свесен за нејзината припадност“ и нејзините задачи.



Конзервативниот пратеник и поранешен партиски лидер Сер Иан Данкан потврди дека претседавачот го препратил предупредувањето до пратениците на е-маил. Тој рече дека тоа е „навистина загрижувачка работа“, повикувајќи на депортација на Кристин Ли и барајќи од владата да даде изјава за тоа во Домот на народот.



Поранешниот министер за одбрана Тобиас Елвуд исто така побара изјава од владата во Парламентот. Тој рече дека вакви работи можеле да се предвидат и очекуваат од Кина, но оти е потребна итна реакција од владата.



Висок британски командант предупредува на зголемен ризик од војна меѓу Русија и Западот


Според предупредувањето, госпоѓа Ли тврдела дека нејзиниот ангажман во парламентот бил „претставување на Кинезите од Обединетото Кралство и зголемување на разноликоста“.



Сепак, МИ5 наведува дека активностите се „преземани во тајна координација“ со Обединетиот фронт за работа на Комунистичката партија на Кина, со финансирање кое го овозможиле странски државјани кои се наоѓаат во Кина и Хонг Конг.



Посочениот Фронт за работа на Комунистичката партија на Кина наводно настојува на „негува односи“ со „влијателни личности“ за да обезбеди политичкиот пејзаж во Велика Британија да биде поволен за Комунистичката партија на Кина и да ги предизвикува оние кои изразуваат загриженост околу партијата, вклучително и за човековите права.

Читайте на сайте