World News in Macedonian

Шолц телефонски ќе разговара со Путин

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска телефонски треба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин како дел од напорите да се „спречи катастрофа“ во Украина, изјави неговиот портпарол, Штефен Хебестрајт.



Тој додаде дека повикот „попладнево“ бил „тесно координиран“ со францускиот претседател Емануел Макрон, кој разговарал со Путин двапати, односно вчера и денеска.



Според него, планираните разговори на Шолц се дел од „заедничките дипломатски напори“ на Западот да ја спречи Русија да ја нападне Украина.



Германија вети дека ќе им се придружи на своите западни сојузници во воведувањето строги санкции кон Москва доколку земјата одлучи да го нападне својот сосед.



Песков: Нема конкретни планови за средба меѓу Бајден и Путин


Русија во моментов има повеќе од 150.000 борбено подготвени војници околу Украина. Кремљ се обидува да ја спречи Украина еден ден да му се приклучи на НАТО и сака цврсто да ја повлече земјата назад во својата сфера на влијание. Русија постојано негира дека има намера да ја нападне Украина и тврди дека почнала да повлекува некои сили. Соединетите држави и НАТО рекоа дека не гледаат знаци за делумно повлекување.

Читайте на сайте