World News in Macedonian

Украина обвини за руски напад во Одеса

Властите во Одеса ги обвинија руските сили дека рано утрово извеле напад на станбени згради во овој украински град, прв таков напад на овој пристанишен град на Црното Море.



Градскиот совет соопшти дека никој не загинал во нападот, но дека нападот предизвикал пожар, кој брзо бил изгаснат.


Градоначалникот на Одеса Хенади Труханов го посети местото и рече дека нема да го напушти градот и ќе се бори за него.


„Ова се станбени згради во кои живеат мирни луѓе“, рече тој.


Русија негира дека целела на цивили.



Киев повторно гранатиран, Мариупол не се предава


Одеса се наоѓа во југозападна Украина и досега главно ги избегнуваше борбите, иако Русија има бродови кои оперираат покрај брегот на Црното Море.


Украина нема друго големо пристаниште на кое може да се потпре, а евентуално заземање на Одеса би значело Русија ефективно да доминира со целиот северна брег на Црното Море.

 

Читайте на сайте