World News in Macedonian

Косовската Влада предлага минимална плата од 250 евра

Владата на Косово денеска усвои нацрт-закон за зголемување на минималната месечна плата на 250 евра нето, односно 264 евра бруто.


Министерот за финансии, Хекуран Мурати, кој го образложи предлогот, изрази уверување дека Собранието ќе го изгласа владиниот предлог, со кој се одредува минималниот надоместок за работен час да изнесува 1,5 евра.



Невработеноста кај младите во Западен Балкан е двојно поголема од онаа во ЕУ


Мурати рече дека со нацрт законот се настојува да се елиминира правната несигурност околу минималната плата на национално ниво.


Со нацрт законот исто така е предвидено да не се плаќа данок на личните примања до 3.000 евра годишно, односно 250 евра месечно.

Читайте на сайте