World News in Macedonian

Најмалку четворица повредени во експлозија на брод во Истанбул

Најмалку четири лица се повредени во експлозија што одекна на брод во Истанбул, јави турскиот весник „Сабах“.


Од канцеларијата на гувернерот во Истанбул соопштија дека во 10:54 часот е добиено известување дека работниците кои работеле на бродот Gulf Petrolyum4 под знамето на Либерија, кој бил на одржување во бродоградилиштето во округот Ајдинтепе, биле изложени на труење со гас.


На местото на настанот се испратени итни здравствени, безбедносни и противпожарни екипи и извршени се неопходни интервентни работи.


„Според првите добиени информации пренесени се 5 работници кои биле изложени на труење со гас поради истекување на јаглерод диоксид во една од цевките што треба да се сервисираат до околните болници од страна на нашите тимови на Итната медицинска помош 112. Поведена е истрага за проблемот“, стои во изјавата дадена од Канцеларијата на гувернерот на Истанбул.


 

Читайте на сайте