World News in Macedonian

Пратениците од власта не прифатија да се расправа за пријавата за спикерот Џафери

Со пет гласа „против“ и четири „за“ денеска на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања не беше прифатен предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на пратеникот Талат Џафери, претседател на Собранието.


Откако птретседателот на Комисијата Панчо Минов го прочита предлог дневниот ред петмина пратеници од власта гласаа против дневниот ред, додека четворица членови на опозицијата беа за да се расправа за предлогот. Минов констатира дека не е прифатен дневниот ред и ја затвори седницата.



Во Собранието утре ќе биде поднесена интерпелацијата за спикерот Џафери
Нема оправдување за однесувањето на Талат Џафери, оценуваат екс спикери


Пријавата беше поднесена од пратениците од опоизицијата откако во јавноста беше објавена снимка на која се слуша Џафери како со висок тон и пцости се обраќа кон вработени во собраниските служби.


Собранискиот спикер Џафери на последниот брифинг со новинарите рече не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со погрдни зборови. Тој не смета дека го прекршил Етичкиот кодекс и вели дека за ова прашање има процедура која тече во телата на Собранието.

 

Читайте на сайте