World News in Macedonian

Во Словенија регистрирани шест случаи на мајмунски сипаници

Во Словенија досега се потврдени шест случаи на зараза со мајмунски сипаници и сите пациенти имаат благи симптоми. Националниот институт за јавно здравје издаде упатства за однесување и третман на пациентите кои се на домашна нега.


На пациентите им се препорачува да останат дома и да се изолираат од другите луѓе, да внимаваат при одржувањето на личната хигиена и хигиената на алиштата, како и да ги информираат сите со кои биле во контакт за болеста, пренесува СТА. Симптомите обично исчезнуваат по две до четири недели и генерално не се фатални.



Во Косово сомнителен случај на заразен со мајмунски сипаници
Опасни сипаници или мајмунски обид за страв


Исто така, се наведува дека ризикот од зараза за општата популација е низок.

Првиот случај на мајмунски сипаници во Словенија беше регистриран на 24 мај кај маж кој допатувал од Канарските острови.


Светската здравствена организација (СЗО) досега потврди 780 случаи на мајмунски сипаници во 27 земји, а се верува дека оваа бројка ќе се зголеми.

 

Читайте на сайте