World News in Macedonian

Лидерите на Отворен Балкан: соработка за силен економски регион подготвен за членство во ЕУ

Нашата соработка е конкретна, за силен економски регион подготвен за членство во Европската Унија, констатираа премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама на денешниот онлајн состанок посветен на интензивирање на соработката за заедничко надминување на потешкотиите околу снабдувањето со храна и енергија, како и за заедничко справување со можни пожари во трите земји летово. Лидерите, како што соопшти владината прес-служба, договорииле создавање мешани меѓуресорски работни групи по кризните теми и со цел создавање заедничка агенција за привлекување странски инвестиции на Отворен Балкан.


Вучиќ: Македонците сами да одлучат за францускиот предлог


На почетокот на состанокот, премиерот Ковачевски се заблагодари за отворената поддршка која претседателот Вучиќ и премиерот Рама ја изразија во врска со модифицираниот европски предлог, информирајќи дека предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со Европската Унија, претставена од Француското претседателство со ЕУ, Владата ја проследи до Собранието на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно процедурите на Собранието.


Рама до бугарското МНР: Tргнете го ветото или бидете трпеливи со мене


Рама и Вучиќ, како што е наведено во соопштението, одделно ја повторија поддршката кон преземените активности на премиерот Ковачевски, односно отворањето на широки консултации со општествените чинители во државата, посочувајќи дека европската иднина на регионот е единствената добра опција за граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија. На состанокот, лидерите констатираа дека одлично тече подготовката на големиот саем на вино, храна и туризам во Србија, на кој винариите и производителите од трите држави ќе имаат можност да ги презентираат нивните производи на гости од регионот и Европа. Исто така, договорена е и средба на Работната група, која ќе се одржи во Тирана кон средината на јули, на која ќе се разговара за соработка во областа на енергетиката, безбедноста на храната и финансиите.

Читайте на сайте