World News in Macedonian

МВР – Не смеат да се блокираат магистрални патишта

Министерството за внатрешни работи денеска реагира дека е законски забрането блокирање на магистрални патишта, откако ВМРО-ДПМНЕ најави блокади пред владата во Скопје и на три магистрални патни правци во земјава.


МВР потсетува дека Законот за јавни собири забранува протести „до здравствени установи, на начин кој го оневозможува пристапот на возила на брза помош и го нарушува мирот на болните, до детски градинки и училишта додека децата престојуваат во нив и на автопатишта и магистрални патишта, на начин со кој се загрозува патниот сообраќај“.


Инаку, денеска од 13 до 14 часот беше блокирана улицата пред владата во Скопје, како и регионалните патишта Струмица – Радовиш, Плетвар -Прилеп и Велес – Штип.




МВР вели дека протестите биле пријавени од ВМРО-ДПМНЕ по што полицијата изразила „иницијатива за работна средба со контакт лицето наведено во актот, кое не одговори на поканата, ниту обезбеди своја замена или друг претставник во име на организаторот“.

Читайте на сайте