World News in Macedonian

Поплавите на Филипини однесоа десетици животи

Најмалку 45 лица загинале во поплавите и одроните предизвикани од силната тропска бура на Филипините, соопштија локалните власти. Бурата наречена Налга предизвикала најмногу проблеми на островот Минданао поради големите поплави околу градот Котабато.


Бурата се движи кон северот на Филипините, каде главниот град Манила очекува обилни дождови. Спасувачките екипи ги извлекле телата на жртвите од калта. Ветровите достигнуваат брзина до 95 километри на час.


Крајбрежната стража го прекинала сообраќајот во поголемиот дел од архипелагот, каде што многу луѓе патуваат со брод секој ден.



Евакуација на Филипини поради силен тајфун


Обилните врнежи започнаа во четврток на 27 октомври. Невремето предизвика и затворање на училиштата и прекин на сообраќајот.


Претходно денеска официјалните лица објавија дека бројката на загинати е 72 лица. Филипините обично се погодени од 20 тајфуни или тропски бури годишно. Тие доаѓаат од Тихиот Океан, а Налга не е особено силна бура, но зафаќа голема површина на земјата и носи обилни врнежи.

 

Читайте на сайте