World News in Macedonian

Тројца повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

Три лица се повредени, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди, во сообраќајна несреќа околу четири часот изутрината на крстосница од булеварите „Партизански одреди и „Св. Климент Охридски“ во центарот на Скопје.


Несреќата се случила помеѓу патнички моторни возила со скопски регистерски таблички - „мерцедес“ управуван од А.Б.(25) од с. Црн Врв, скопско и „пежо“ управувано од Б.Т.(39) од Скопје.



Тешка сообраќајка на патот Удово-Гевгелија, повредени 29 мигранти


„По несреќата, возачот А.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а возачот Б.Т. и неговиот сопатник Т.В.(53) од Скопје биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар на Б.Т. му биле констатирани телесни повреди, а на сопатникот Т.В. му биле констатирани тешки телесни повреди“, информира МВР во редовниот Билтен.


Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Читайте на сайте