World News in Macedonian

Курти бара посилен притисок врз Белград со цел да се постигне договор

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека верува оти може да се постигне договор со Србија за нормализација на односите, со фокус на взаемното признавање.



Тој побара од посредниците во дијалогот меѓу Косово и Србија да го зголемат притисокот врз Србија за да се финализира процесот на дијалог, со взаемно признавање и што поскоро да се нормализираат односите меѓу двете земји.



Курти на прес-конференција во Приштина рече дека верува во моќта на Европската унија и Соединетите Американски Држави да го зголемат притисокот врз Белград.



„Американскиот претседател Џо Бајден многу јасно кажа дека на Косово и на Србија им е потребен конечен договор, во чиј центар е целосната нормализација на односите со взаемно признавање. Ние целосно се согласуваме со ова“, рече тој.



Курти нагласи дека од француско-германскиот предлог поминале четири месеци, а оттогаш во Брисел се одржала само една средба меѓу премиерот на Косово и претседателот на Србија.


КФОР ги отстрани последните барикади на северот на Косово



На 23 ноември минатата година во Брисел, Косово и Србија постигнаа договор за нелегалните српски регистарски таблички, според кој Косово ќе престане со понатамошните активности поврзани со пререгистрацијата на автомобилите, додека Србија повеќе не издава таблички на автомобили со имињата на косовските градови. 



Во меѓувреме, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференција на 4 јануари изјави дека ја чека десеттата земја која, според него, ќе го повлече признавањето на независноста на Косово. Тој не прецизираше за која земја станува збор.

Читайте на сайте