World News in Macedonian

Приведен претседателот на црногорската општина Будва

Црногорската полиција денеска го приведе претседателот на општината Будва, Мило Божовиќ. Полициската акција денеска се спроведува во повеќе црногорски градови по наредба на Специјалното државно обвинителство.  Божовиќ е уапсен во неговата семејна куќа во центарот на Будва.


Дел од локалните медиуми јавуваат дека приведувањата почнале утрово во 4 часот во Будва, Цетиње и Подгорица.



„Согласно наредба на Специјалното државно обвинителство, со поддршка и асистенција на Агенцијата за соработка и спроведување на законот на Европската Унија – ЕВРОПОЛ, Специјалниот полициски оддел, со логистичка и оперативна помош на Антитерористичката единица на полицијата, презема мерки и дејствија во рамки на истраги во два кривични предмети,“изјави државниот обвинител и портпарол Вукас Радоњиќ.




Тој додаде дека јавноста навремено ќе биде информирана за евентуалното лишување од слобода на одредени лица и за резултатите од мерките и акциите  кои се во тек. Од кабинетот на претседателот на општина Будва соопштија дека Божовиќ не е уапсен, туку дека Обвинителството го повикало на сослушување

Читайте на сайте