World News in Macedonian

Спасовски: До сега не пронајдовме сериозност во ученичките закани

Пријавите и заканите од страна на ученици во нашите училишта се рефлексија на случувањата во нашето соседство. Станува збор за едно детско невнимателно однесување кое сепак предизвикува реакции, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.


Минатата недела во Србија се случија две масовни убиства со 17 жртви и повеќемина повредени. 


Спасовски коментирајќи ги заканувачките пораки на ученици во нашите училишта рече дека за секој еден случај се постапува. Информира дека засега не пронашле сериозност во пораките, но дека превентивно се постапува и се преземаат потребните акции за секој случај.




„За секој случај којшто е идентификуван за секој се реагира, се постапува со социјалните служби, со раководството на училиштата, родителите во истиот момент и засега немаме состојба која укажува на сериозност во намерата да биде преземено што било, меѓутоа превентивно во секој момент кога ќе дознаеме каква било информација веднаш реагираме“, изјави Спасовски.


Министерот апелираше до родителите и до учениците за сериозно и одговорно однесување, а на раководствата на училиштата им порача да го подигнат степенот на одговорност и внимание. Оцени дека случувањата во Србија ја подигнале свесноста кај сите.

Читайте на сайте