World News in Macedonian

Велика Британија ќе издава нови лиценци за експлоатација на гас и нафта

Велика Британија ќе издаде стотици нови дозволи за експлоатација на гас и нафта во Северното Море. Како што се наведува во денешното соопштение на британската влада, целта на оваа мерка е зајакнување на енергетската независност на земјата.


„Сите бевме сведоци на тоа како Путин манипулира и ја користи енергијата како оружје, нарушувајќи го снабдувањето и го стопираше растот во земјите ширум светот“, изјави по тој повод британскиот премиер Риши Сунак.


Дополнително, Лондон ќе користи и складира јаглерод на две нови локации во североисточна Шкотска и во регионите Хамбер, се додава во соопштението.


„Сега, повеќе од кога било, од витално значење е да ја зајакнеме нашата енергетска безбедност и да ја искористиме таа независност за да испорачаме попристапна, чиста енергија во британските домови и бизниси“, додава премиерот Сунак.




Русија лани ги намали испораките на гас и за пет земји од Европската Унија, вклучително и Германија, најголемата економија во блокот од 27 земји, која во голема мера зависи од гасот на Москва за производство на електрична енергија и енергетската индустрија.


ЕУ, која пред војната добиваше околу 40 насто од својот гас од Русија, ги претстави плановите за намалување на увозот за две третини до крајот на годината и целосно укинување на рускиот гас до 2027 година. 

Читайте на сайте