Исламска држава презеде одговорност за самоубиствениот напад во Пакистан
Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за вчерашниот самоубиствен бомбашки напад на политички митинг во Бајаур, при што загинаа 54, а 200 луѓе се повредени, од кои 14 се во тешка здравствена состојба.
Пакистанската полиција претходно соопшти дека првичната истрага покажала дека регионална фракција Исламска држава во Курасан (ИСИК) е одговорна за нападот на изборниот митинг на антиталибанската исламска партија Џамијат Улема, која ја предводи тврдокорниот свештеник и политичар Фазлур Реман.
Нападот се случи во пакистанската северозападна провинција Хајбер Пахтунхва, планинска област во близина на границата со Авганистан, која некогаш била под контрола на пакистанските талибанци.
Исламска држава во Курасан (ИСИК), локален огранок на екстремистичката група, е активна и во Авганистан и во Пакистан од 2015 година и стои зад неколку смртоносни напади.