World News in Macedonian

Откриени македонски токсични пиперки во Хрватска

Токсичен пестицид бил откриен кај црвени пиперки во Хрватска, кои биле увезени од Македонија, јавуваат хрватските медиуми.


„Во пиперките од Северна Македонија откриени се остатоци од пестицидот форметанат. Ризикот е сериозен“, се наведува во известувањето од Европскиот систем за брзо предупредување за храна.


Станува збор за пестицидот „форметанат“, којшто како ефикасен инсектицид се користи во производството на овошје и зеленчук.




Но, пестицидот e забранет во Европската Унија поради сомневање дека може да влијае на здравјето на луѓето.


„Форметанат“ е високо акутно токсичен доколку влезе во организмот по орален пат, умерено токсичен е ако се вдише, а има ниска акутна токсичност ако дојде во контакт со кожата.


Клинички знаци по акутна и хронична изложеност на форметанат кај стаорци се намалена телесна тежина, а кај кучињата прекумерна саливација, отежнато дишење, тремор, повраќање, кашлање.

Читайте на сайте