World News in Macedonian

Американскиот министер за одбрана го посети Израел и ја потврди поддршката од САД

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин на 13 октомври се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и другите високи владини функционери на Израел, со цел да ја потврди поддршката на САД, а имаше прилика и да го види оружјето и помошта која Вашингтон ја испорача за Израел во првата недела од војната со милитантните групи на Хамас.


Остин истакна дека „ова е време за решителност, а не за освета, за цел, а не за паника, за сигурност, но не и за предавање“.


Пред конференцијата за медиуми, Остин оствари средба со Нетанјаху.


„Како што рече претседателот, ние ви го чуваме грбот. Ние сме со вас, господине премиере“, порача Остин.


Остин е вториот висок американски функционер кој претседателот Џо Бајден го испрати во посета на Израел во последните два дена.




Израелската војска на 13 октомври наложи евакуација на жителите во градот Газа поради „сопствена безбедност и заштита“, воочи израелската копнена офанзива.


На прашањето за евентуални цивилни жртви во Газа, Остин рече дека Израел има право да се брани и додаде дека работел со израелските сили во текот на годините, додека бил во војска.


Министерот за одбрана на Израел пак, не одговори на прашањето дали неговите сили ќе им дадат на цивилите само 24 часа да ја напуштат Газа, но рече дека оние кои сакаат да ги спасат своите животи мораат да се движат „на југ“.

Читайте на сайте