Навални вели дека управата на затворот ги блокира писмата на неговата сопруга
Каналот на мрежата „Телеграм“ на затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални на 13 ноември објави дека управата на затворот ја блокирала преписката на неговата сопруга Јулија Навалнаја.
„Цензорите ги конфискуваат писмата бидејќи содржат елементи на подготовка за злосторства“, му објасниле на Навални затворските чувари.
Но, детали не се знаат за причините. Минатата година Навалнаја исто така се пожали дека нејзините писма не стигнале до нејзиниот сопруг. Минатата недела Навални, кој одлежува вкупно 19 години затвор поради екстремизам и други обвиненија, беше сместен во самица по 22-ри пат од август 2022 година.
Московскиот градски суд на 4 август годинава му ја продолжи затворската казна на Навални на 19 години, по обвинение за екстремизам.
Навални, неговите сојузници, групите за човекови права и западните власти сметаат дека обвиненијата против Навални се политички мотивирани.
Тројца негови адвокати беа уапсени овој месец, а неговиот тим предупреди дека руските власти сакаат дополнително да ги ограничат неговите контакти надвор од затворот. Уште еден од неговите адвокати побегна од Русија претходно минатиот месец.
Тимот на Навални на 23 октомври соопшти дека тој го пропуштил судското рочиште, кое се одржувало во затворот со максимална безбедност каде што тој се наоѓа, во знак на протест против одлуката на затворската управа да го лиши од пишување материјали.
„Алексеј Навални беше лишен од алатките за пишување. Сега нема можност да пишува писма. Затоа, тој одби да излезе од својата ќелија на судењето“, рече Јармиш на социјалните мрежи на 23 октомври.
Пишувањето писма и посетите од адвокатите се единствениот начин на Навални да комуницира со светот.