World News in Macedonian

Блинкен предупредува на „вистинска итност“ за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди на итна потреба да се постигне дипломатска резолуција за војната во Газа и Либан, откако Агенцијата за бегалци на Обединатите Нации изрази загриженост поради израелските воздушни напади, велејќи дека тие ги загрозуваат оние што бегаат од војната.



Зборувајќи пред состанокот во Лондон со арапските лидери на 25 октомври, Блинкен ја истакна потребата да се стави крај на конфликтот во денот кога при израелските напади загинаа 38 луѓе во Газа и тројца новинари во Либан.



„Имаме потреба од вистинска итност за да дојдеме до дипломатска резолуција и целосна имплементација на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, така што може да има вистинска безбедност долж границата меѓу Израел и Либан“, рече Блинкен, осврнувајќи се на веќе донесената резолуција по последната голема војна Израел-Хезболах во 2006 година.



Израел вети дека ќе го неутрализира Хамас поддржан од Иран, кој беше прогласен за терористичка организација од страна на Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Офанзивата ја старуваше во октомври минатата година откако милитантите на Хамас влегоа во Израел и убија околу 1.200 луѓе и зедоа 240 заложници.


Конфликтот неодамна се прошири во Либан, каде што борците од Хезболах, милитантна група и политичка партија која контролира голем дел од јужен Либан, започнаа речиси секојдневни напади врз Израел како поддршка на Хамас, друга група поддржана од Техеран.






Либанските власти соопштија дека повеќе од 2.500 луѓе се убиени во борбите во земјата, додека повеќе од 1,2 милиони се раселени, што предизвика хуманитарна криза.



Израелското воздушно бомбардирање и копнената инвазија врз Либан започна со таргетирање на раководството и воените капацитети на Хезболах. Но, неодамна Израеч ги прошири своите цели на цивилната инфраструктура, вклучително и банки кои беа поврзани со Хезболах, организација која е означена како терористичка од Соединетите држави, додека Европската унија го стави на црната листа на само нивното вооружено крило, но не и политичката партија.


Блинкен на 24 октомври рече дека Израел ја постигнал својата цел за „ефикасно разбивање“ на Хамас додека ги турка двете страни да ги обноват преговорите за да се постигне примирје.



Во меѓувреме, израелските воздушни напади го нападнаа јужниот дел на Либан, при што израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека метите во близина на границата со Сирија вклучуваат области за кои ИД тврди дека групата ги користи за шверц на оружје во Либан.



Портпаролката на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Рула Амин, изјави дека нападите ги загрозуваат животите на многумина кои не се вклучени во конфликтот, имајќи предвид дека околу 430.000 луѓе преминале во Сирија од почетокот на војната.



„Нападите на граничните премини претставуваат голема загриженост. Тие го блокираат патот кон безбедноста на луѓето кои бегаат од конфликти“, изјави Амин.

Читайте на 123ru.net