Май
2024

Новости за 16.05.2024

SlobodnaEvropa.mk 

Преку економска зависност од Кина до политичко влијание

Зависноста на Северна Македонија од Кина е видлива во три области - трговија, инвестиции и кредити за инфраструктура, покажува анализата на невладината „Естима“. Експертите предупредуваат дека економската зависност Кина може да ја искористи за политички цели, а на штета на националните стратешки интереси.

SlobodnaEvropa.mk 

Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

Рокот на Управниот суд, во кој треба да одлучи дали се прифаќаат приговорите на ДИК за прегласување во седум избирачки места истeкува во петок на полноќ. Потоа ДИК ќе има задача да утврди дали евентуално прегласувањето ќе придонесе за измена на пратеничките мандати, по што ќе треба да пресече.

SlobodnaEvropa.mk 

Финишира истрагата за Палчо за убиството на 14-годишната Вања

Откако слета на македонско тло и беше сместен во затворот „Шутка“, Љупчо Палевски го очекува сослушување во обвинителството. Истрагата, според најавите, ќе заврши наскоро. Во меѓувреме, во затворот „Шутка“ тој е обезбеден во одделна ќелија, со посебни безбедносни мерки.

SlobodnaEvropa.mk 

Како е да се биде уапсен од иранската полиција за морал?

Радио Фарда, на РСЕ, интервјуираше една Иранка која деновиве била уапсена за неносење хиџаб. Таа е една од многуте Иранки кои биле уапсени во последно вре во Иран, каде што властите ја интензивираат репресијата врз жените кои не носат хиџаб.