Мичел во Скопје со поддршка за преговорите со Грција
Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел денеска во Македонија се очекува на властите да им ја повтори американската поддршка за евроатлантски интеграции, да понуди поддршка за тековните македонски преговори со Грција и да побара спроведување на реформите.