Турција: Неколку пратеници се степаа во парламентoт
Во парламентот на Турција денеска се случи тепачка меѓу пратеници од власта и опозицијата, веднаш по изгласувањето на измените во Изборниот закон, за кои опозиционерите тврдат дека ќе доведат до изборни измами. По усвојувањето на измените во Изборниот закон, почна расправија меѓу националистичките пратеници и опозицијата. Неколкумина пратеници се степаа, јавуваат турски медиуми. Со измените е овозможено Високата изборна комисија да спојува избирачки окрузи и да префрла избирачки кутии во други окрузи. Читать дальше...