Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ не бегаат од Преспанскиот договор, но не се откажуваат од само „Македонија“
По реакциите од меѓународната заедница, претседателката Сиљановска Давкова вели дека во официјалната употреба ќе се служи со уставното име на државата Република Северна Македонија. Но таа вели дека има право да го користи и само името Македонија. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека ќе се однесува согласно Уставот и законите. Експертите предупредуваат на последиците од непочитување на договорите со соседите – од губење на меѓународна поддршка до застој во пристапноста на ЕУ фондовите.