На референдум да се отповикуваат градоначалниците што нема да ја извршуваат својата функција за која се избрани од страна на граѓаните. Ова го изјави за МИА министерот за локална самоуправа Златко Перински.
Отповикувањето на градоначалник е една од новините што треба да бидат дел од законското решение за локална самоуправа кое се предвидува да биде готово до март, а за кое дотогаш ќе се отвори широк консултативен процес во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни - експерти, градоначалници, претседатели на совети, граѓани сектор. Читать дальше...