Косовската министерка за надворешни работи, Доника Гервала, ги повтори обвинувањата дека Србија стои зад експлозијата што се случи на 29 ноември, кога беше оштетена критичната инфраструктура на Косово - каналот Ибар-Лепенец.
„Србија ги копира руските стратегии и ги користи ставајќи ги во регионален контекст. Ова не е етничка тензија и не е спор меѓу Косово и Србија. Она што се случува пред нашите очи, и тоа со години, се зголемена ескалација и тензија и тоа е тест за она што Западот е подготвен да го прифати“, изјави таа. Читать дальше...