САД стапија во директен контакт со движењето ХТС кое ја презеде власта во Сирија
Соединетите Американски Држави воспоставија „директен контакт“ со Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), движењето на чело на коалицијата што ја презеде власта во Сирија, изјави во саботата државниот секретар Антони Блинкен. „Бевме во контакт со ХТС и други страни“, изјави Блинкен за новинарите по разговорот за Сирија во Јордан, пишува АФП. САД и ЕУ ја прогласија ХТС за терористичка група. Блинкен не им кажа на новинарите како дошло до контактот, но на прашањето дали САД имаат директна врска, тој одговорил: „Директен контакт, да“. Читать дальше...