World News in Macedonian

Харадинај не одговори дали Косово ќе ги укине таксите кон Србија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска не одговори на прашањето кога ќе бидат укинати царините на производите од Србија и БиХ. Тој само порача дека го поздравува состанокот што го закажал претседателот на Косовското собрание Кадри Весељи со амбасадорот на САД на Косово Филип Коснет на кој и тој ќе присуствува.


„Ја поздравувам средбата на предлог на лидерот на собранието Кадри Весељи. Некогаш и снегот ќе се истопи“, изјави Харадинај по положувањето цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Косово, Ибрахим Ругова.


Харадинај претходно неколку пати истакна дека и покрај барањето на САД, Косово ќе ги укине таксите кога Србија ќе ја признае неговата земја. 




 

Читайте на сайте