World News in Macedonian

Удрил во полицајци кај Куманово, избегал и направил уште една сообраќајка

Еден полицаец загинал, а еден полициски приправник е тешко повреден откако во нив, на патот Куманово - Свети Николе, удрило возило управувано од С.Ј. (40), соопшти полицијата.


„Полицискиот службеник В.Ц. (40) загинал, а кандидатот А.М. (25) за полициски службеник е во животна опасност. Инцидентот се случил во близина на крстосницата со населбата Ајдучка Чешма кога патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (40), удрило во В.Ц. (37) и А.М. (25), кандидат за полициски службеник), кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопшти МВР.


Според полицијата, С.Ј. со возилото „мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во близина на хотел „Сателит“, удрил во патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П. (34).


Возачот на возилото „шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесени повреди. Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.


С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против истиот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Читайте на сайте