World News in Macedonian
Апрель
2019

Новости за 21.04.2019

SlobodnaEvropa.mk 

Приведени седум осомничени за нападите во Шри Ланка

Властите во Шри Ланка ги идентификувале организаторите на бомбашките напади во градот Коломбо во кои загинаанад 200 луѓе, но без да соопштат детали. Министерот за одбрана Руван Вијеварден, без да открива детали, изјави дека веќе се приведени седум лица, изразувајќи убеденост дека сите инволвирани наскоро ќе бидат уапсени. Експлозиите се случија во три цркви за време на велигденската литургија, во три луксузни хотели и уште на две други локации. Се претпоставува дека дел од нив се дело на бомбаш самоубиец... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Глобалната несигурност ја крева цената на златото

До крајот на годинава се очекува златото да достигне цена од 1400 долари за унца, што се должи најмногу на долгорочната глобална несигурност. Цената на златото за испорака минатата недела изнесуваше 1.286,6 долари за унца, објави Си-Ен-Би-Си. „Очекуваме дека златото ќе продолжи да се тргува во овој опсег во наредните месеци. Но, во втората половина на годината, можеме да очекуваме дека цената ќе се зголеми и ќе достигне 1400 долари до крајот на годинава“, вели Мартин Хаксли, берзантски експерт од Сингапур.

SlobodnaEvropa.mk 

Швајзер-Блум: Процесот на гласање да биде транспарентен и одговорен

Амбасадата на САД во Северна Македонија има вкупно 25 тимови што го набљудуваат изборниот процес низ земјата, информираше Микаела Швајзер-Блум, в.д. амбасадорка во Амбасадата на САД во нашата држава. „Изборите се многу важен дел за секоја демократија и веруваме дека е многу важно гласачите да можат да гласаат во атмосфера без заплашување и принуда, и дека процесот на гласање е транспарентен и одговорен“, изјави Швајзер-Блум и додаде дека ќе ја разгледаат проценката и податоците од ОДИХР, но за... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Нападите во Шри Ланка се терористички, објавија властите

Денешната серија експлозии во хотели и цркви во Шри ланка се терористички напад, изјави министерот за одбрана на Шри Ланка, Руван Виџевардене. Тој додаде дека без разлика кој ги извршил нападите, властите нема да дозволат ниту една екстремистичка група да дејствува во земјата. Во Шри Ланка денеска се случија осум експлозии во хотели и цркви, од кои последната била извршена од бомбаш-самоубиец, кој го активирал експлозивот во зграда во предградие на главниот град Коломбо, при што загинале тројца полицајци. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Британската кралица го прослави едниот од двата редендена

Британската кралица Елизабета Втора денеска го прослави 93. роденден, еден од нејзините два родендена. Едниот роденден годинава ѝ се совпадна со Велигден по Грегоријанскиот календар, па таа присуствуваше на велигденската миса во капелата Свети Ѓорѓи во Виндзор, заедно со другите членови на кралското семејство. Денешната прослава е прва од двете со кои се одбележува роденденот на кралицата. Нејзината роденден официјално се одбележува во јуни со свечена парада. Традицијата за двојно одбележување... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Новаци на гласање и со патерици

Во општина Новаци се гласаше и на патерици. Гласачот кусо ни рече дека излегол да гласа бидејќи му е важна иднината на државата и сакал кон тоа да придонесе со својот глас. Новаци, една од најголемите по површина општини во земјава, а со најретка населеност, и на овие избори е лидер во излезеност на гласање во Битолскиот Регион. Според ОИК таму до 13 часот на гласање излегле 33,12 проценти од гласачите. За разлика од Новаци, во Битола гласале 25,18 проценти, во Могила 18,57 проценти.„Специфично за... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Еруптираше вулканот Агунг на Бали, тревога од трети степен

Вулканот Агунг на индонезискиот туристички остров Бали денеска еруптирал, исфрлајќи пепел во висина од два километра, објавија новинските агенции. Според нив, се уште нема податоци за евентуални жртви, но и понатаму останува во сила предупредувањето од трет степен од можните четири. Индонезиските власти издадоа соопштение со предупредување да се почитува зоната на безбедност во радиус од четири километри. И други два вулкана на островот Јава продолжуваат да еруптираат. Во сила е состојба на зголемена... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Општина Желино со најмала излезност во Тетовско до 13 часот

Општина Желино бележи најмала излезност од сите општински комисии до 13 часот. Таму се бележат само 6.62 % или избор за претседател направиле 1.557 граѓани од вкупно 23.510. Во општина Боговиње 8.01 % или 2.204 од 27.501 гласач до 13 часот биле на гласање. Од 22.116 регистрирани гласачи во Теарце гласале 9,64 % или 2.133 жители. Во најмалата по бројност општина Јегуновце до 13 часот гласале 13,4% или 1.367 од 10.171 гласач. Општинската изборна комисија во Брвеница регистрирала излезност од 14,25... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Гласањето без проблеми, најголема излезност во Прилеп, најмала во Липково

ДИК информираше дека до 13 часот гласале 284 942 гласачи од одработени 75,57 проценти од избирачките места. Гласањето, според ДИК, се одвива мирно и без проблеми. Најголема излезност има во Прилеп, Новаци и Свети Николе.

SlobodnaEvropa.mk 

ДИК: До 13 часот гласале 20,45 отсто од гласачите

Излезноста на претседателските избори до 13 часот изнесува 20,45 проценти, соопшти портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, прецизирајќи дека од пристигнатите податоци од 75,57 отсто од избирачките места до 13 часот гласале 284.942 гласачи. „На сите гласачки места од почетокот од 7 до 13 часот гласањето тече непрекинато и без проблем. Само едно гласачко место во Студеничани 2344 не е отворено и таму денеска гласањето нема да се одржи“, соопшти Гугучевска.  Таа информираше дека во Охрид, Ново... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

До Јавното обвинителство до сега нема пријави за изборни нерегуларности

Претседателот на Комисијата за следење евентуални противправности, Џељаљ Бајрами, информираше дека до сега до Јавното обвинителство не е пристигната ниту една пријава за нерегуларности на гласачкиот процес. „До овој момент изборниот процес се одвива мирно, без посериозни нарушувања. Ниту во Комисијата, ниту во основните обвинителства каде што има организирани дежурства, нема пријавен настан. Очекуваме дека така ќе продолжи до завршување на изборниот ден“, изјави Бајрами. Тој напомена дека во сите основни обвинителства низ земјава... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

МВР: До сега регистрирани три изборни нарушувања

МВР на денешната прес конференција за претседателските избори соопшти дека регистрирало три случаи на неправилности. „Во градинката „Срничка“ во Аеродром во Скопје, 36-годишен маж бил фатен како го фотографира ливчето, по што бил приведен и ќе следи пријава“, информираше МВР. На гласачкото место 1515 во Кривогаштани, според полицијата, исто така било фатено лице како го фотографирало ливчето, а на 50 минути пред отворањето на гласачките места, било пријавено дека во училиштето „Дрита“, Рашче... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Јонкер: Нам ни се важни демократските стандарди, а не резултатите од изборите

Шефицата на Меѓународната мисија за набљудување на изборите ОБСЕ/ОДИХР, Корин Јонкер, изјави дека е прерано да се даваат оценки за изборниот ден. „Ние набљудуваме дали изборите се организирани според меѓународните демократски стандарди. За нас не се важни резултатите, туку изборните процедури. Затоа сме тука да го набљудуваме изборниот процес“, рече Јонкер пред основото училиштето „Браќа Рамиз-Хамид” во Шуто Оризари. Таа истакна дека изборите ги следат 250 набљудувачи кои се распоредени низ целата земја... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Новитет на изборите: Линија за помош на лица со оштетен говор и слух

ДИК денеска информираше за новината која ја воведува од овие избори. „Се работи за телефонска линија во ДИК, за лица со оштетен слух и говор. Назначено е лице кое ќе одговара на знаковен јазик преку видео повици, а бројот е 076/488-360 на која лицата со оштетен слух и говор преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК и на македонски знаковен јазик да добијат одговор“, информираше портпаролката на ДИК, Љупка Гугуческа. За прашања и коментари за ДИК од граѓаните активна е и бесплатната линија 0800 555 444.

SlobodnaEvropa.mk 

Излезноста до 10 часот меѓу претходните претседателски избори и референдумот

Излезноста на денешното гласање на претседателските избори до 10 часот е пониска за речиси 3 проценти доколку се спореди со бројката од претходните избори за шеф на државата, кои се одржаа пред 5 години. ДИК соопшти дека до 10 часот на денешниот прв круг од претседателските избори гласале вкупно 80.569 граѓани, односно 6,05 отсто. На претседателските избори кои во 2014 година се одржаа заедно со парламентарни избори излезноста на гласањето во првите три часа од отворањето на избирачките места... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

И осма експлозија во Шри Ланка, расте бројот на загинати

И осма експлозија се случи претпладнево во Шри Ланка. Бројот на загинати, заедно со оние од седумте напади од претходно на три цркви, три хотели и едно предградие, се искачи на над 180, а бројот на повредени е над 560, објавија агенциите. Си-Ен-Ен објави дека според повеќе извори, седмата експлозија била во едно предградие на главниот град Коломбо, а на местото каде се случила осмата експлозија имало и голем пожар. Во Шри Ланка е во тек полициска час.

SlobodnaEvropa.mk 

Приведен скопјанец поради сликање на гласачко ливче

Едно лице претпладнево било приведено од полицијата, бидејќи го фотографирало гласачкото ливче, потврдиле од МВР за МИА. Според полициските информации, изборниот инцидент се случил на гласачко место во градинката „Срничка“ во Општина Аеродром. МВР подоцна ќе излезе со дополнителни информации.

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалата општина Јегуновце со највисока излезност во Тетовско

Руралната општина Јегуновце иако со најмалку жители има најмногу излезност во тетовскиот регион до 10 часот, покажуваат бројките на општинските изборни комисии. Во Јегуновце гласале 4,1 % или 426 луѓе од вкупно 10.171 гласач. На ова подрачје до 10 часот најмалку гласале жителите на Боговиње, односно до 10 часот своето право го искористиле 1, 78% што значи дека од 27.501 гласач само 492 лица гласале. Во Тетово на гласање за избор на претседател излезле 3, 58 % од запишаните гласачи односни 2.986 од 83.367 граѓани. Мал процент од само 1... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ЦИВИЛ: Кршење на изборниот молк и лажни вести

Лидер на една маргинална политичка партија, во изборен молк, повикува на бојкот, вработен во МРТВ, вработени во администрацијата и активисти на политички партии и низа други, агресивно го кршат изборниот молк. Кршењето на изборниот молк е придружено со говор на омраза и лажни вести и забележан е на социјалните медиуми, особено на Фејсбук страници на одделни формални и неформални политички групации, рекоа на нивната прва прес конференција од движењето ЦИВИЛ, кое ги следи претседателските избори. ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Седма експлозија во Шри Ланка, над 550 повредени

Во предградие на главниот град на Шри Ланка, Коломбо, се случила нова експлозија, по шесте што беа активирани во три цркви и три хотели во градот. Според полицијата експлозијата се случи во предградието Деивала. Во претходните експлозии, на католички Велигден, загинаа најмалку 185 лица, а над 400 други се повредени. По седмата експлозија, неофицијално јавуваат локални медиуми, вкупниот број на повредени се искачил на над 550.

SlobodnaEvropa.mk 

МОСТ: Гласањето не е почнато само во Студеничани

Граѓанската организација МОСТ, која со свои членови ги следи претседателските избори, ги демантира информациите дека на првата прес-конференција одржана во 9 часот било известено за прекин на гласање поради неработење на УВ ламба и за графит со политичка содржина. На првата прес-конференција МОСТ извести само за гласачкото место 2344 во општина Студеничани. Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места забележано е следното: · ГМ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мауборн: Гласањето до сега без проблеми

Серејн Мауборн, специјалниот координатор на ОБСЕ, денеска информираше дека тие го следат изборниот процес со 250 набљудувачи распоредени низ целата земја и дека, според нив, процесот до сега се одвива без проблеми. Шефот на делегацијата на Парламентарното Собрание на ОБСЕ, Рајнхолд Лопатка, информира дека единствена забелешка досега е тоа што на некои луѓе на кои им биле истечени личните карти биле враќани, па потоа доаѓале да гласаат со своите пасоши.

SlobodnaEvropa.mk 

Удрил во полицајци кај Куманово, избегал и направил уште една сообраќајка

Еден полицаец загинал, а еден полициски приправник е тешко повреден откако во нив, на патот Куманово - Свети Николе, удрило возило управувано од С.Ј. (40), соопшти полицијата. „Полицискиот службеник В.Ц. (40) загинал, а кандидатот А.М. (25) за полициски службеник е во животна опасност. Инцидентот се случил во близина на крстосницата со населбата Ајдучка Чешма кога патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (40), удрило во В.Ц. (37) и А.М. (25), кандидат за полициски службеник)... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ДИК: До 10 часот гласале 6 отсто од избирачите

До 10 часот, на денешниот прв круг од претседателските избори гласале вкупно 80.569 граѓани, односно 6,05%, соопшти ДИК. Од Комисијата дополнија дека гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвораат гласачките места. Претседателските избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.