World News in Macedonian

Приведени седум осомничени за нападите во Шри Ланка

Властите во Шри Ланка ги идентификувале организаторите на бомбашките напади во градот Коломбо во кои загинаанад 200 луѓе, но без да соопштат детали.


Министерот за одбрана Руван Вијеварден, без да открива детали, изјави дека веќе се приведени седум лица, изразувајќи убеденост дека сите инволвирани наскоро ќе бидат уапсени.


Експлозиите се случија во три цркви за време на велигденската литургија, во три луксузни хотели и уште на две други локации. Се претпоставува дека дел од нив се дело на бомбаш самоубиец, а за другите бил употребен експлозив Ц-4.

Читайте на сайте