Нападите во Шри Ланка се терористички, објавија властите
Денешната серија експлозии во хотели и цркви во Шри ланка се терористички напад, изјави министерот за одбрана на Шри Ланка, Руван Виџевардене. Тој додаде дека без разлика кој ги извршил нападите, властите нема да дозволат ниту една екстремистичка група да дејствува во земјата.
Во Шри Ланка денеска се случија осум експлозии во хотели и цркви, од кои последната била извршена од бомбаш-самоубиец, кој го активирал експлозивот во зграда во предградие на главниот град Коломбо, при што загинале тројца полицајци.
Според последните податоци, досега има околу 190 мртви и над 550 лица се повредени.