World News in Macedonian
Март
2018

Новости за 13.03.2018

SlobodnaEvropa.mk 

Опозициско движење прогласено за екстремистичко во Казахстан

Казахстанскиот суд донесе одлука дека опозициското политичко движење на Мухтар Аблијазов е екстремистичка организација. Аблијазов кој е во бегство и кој го критикува владеењето на претседателот Нурсултан Назарбаев заедно со други опозициски фигури го основаше движењето „Демократски избор за Казахстан“ во април, минатата година, чија цел, како што изјави, се демократски реформи во земјата. Според судот, движењето пропагирало насилна промена на уставниот поредок на Казахстан.

SlobodnaEvropa.mk 

Мичел во Скопје со поддршка за преговорите со Грција

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел денеска во Македонија се очекува на властите да им ја повтори американската поддршка за евроатлантски интеграции, да понуди поддршка за тековните македонски преговори со Грција и да побара спроведување на реформите.

SlobodnaEvropa.mk 

Русин притворен за напад на европското првенство во Франција

Еден руски државјанин бил притворен во јужниот француски град Марсеј во врска со нападот за време на европското фудбалско првенство во 2016 година кога еден англиски фан беше сериозно повреден. 31 годишниот осомничен, чии име не е објавено во јавноста доколку биде обвинет се соочува со казна затвор до 15 години поради обид за убиство и нанесување тешки телесни повреди. Тој и бил предаден на Франција од страна на германските власти кои го уапсиле на аеродромот во Минхен во минатиот месец. Руската амбасада во Берлин се противеше на апсењето.

SlobodnaEvropa.mk 

Матис во ненајавена посета на Авганистан

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис пристигна во Кабул во ненајавена посета со цел да види дали постои можност од преговори меѓу талибанците и авганистанските власти за ставање на крај на конфликтот во земјата. Посетата која не е најавена поради безбедносни причини доаѓа во услови кога САД вложуваат нови ресурси во земјата. Пред да слета во Кабул, Матис изјави дека САД добиле знаци на интерес од талибанците за започнување мировни разговори. Матис планира да се сретне со авганистанскиот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе има ли крај на серијалот за законот за јазиците?

Истекува рокот во кој парламентарните партии треба да најдат решение за законот за јазиците. Неделава законот ќе биде донесен, вели премиерот Заев. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нуди соработка за реформите, ако СДСМ го отфрли законот.

SlobodnaEvropa.mk 

Хибридната војска на Путин отвора фронт и во Македонија?

Со дезинформации на социјалните мрежи, хакерски напади и лажни вести место калашникови, Русија својата т.н. хибридна војна против Западот ја почнува и на Балканот, каде државите како Македонија, иако се евроатлантски ориентирани, не се во ЕУ и НАТО и како такви се најранливи, велат експертите.

SlobodnaEvropa.mk 

Тилерсон: засега без контакти со Пјонгјанг за средбата меѓу Трамп и Ким

Соединетите држави се уште немале директен контакт со Северна Кореја за најавениот самит меѓу двете држави за севернокорејската нуклеарна програма, но таков контакт очекуваат. Ова го изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон кој се наоѓа во посета на Нигерија, последната етапа од неговата турнеја по Африка. Американскиот претседател Доналд Трамп во минатата недела прифати да се состане со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун до мај оваа година.

SlobodnaEvropa.mk 

Руска хибридна војна - Балканот и Македонија следен фронт

Со лажни вести на социјалните мрежи, хакерски напади и со дезинформации место калашникови, Русија својата хибридна војна против Западот ја почнува и на Балканот, каде државите како Македонија, кои иако се евроатлантски ориентирани, не се во ЕУ и НАТО, и како такви се најранливи, велат експертите.

SlobodnaEvropa.mk 

САД и се заканија на Сирија да не изведува хемиски напади

Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли ја предупреди Сирија дека САД се подготвени повторно да преземат воена акција поради хемиските напади врз цивили во таа земја. Таа додаде дека од пред 15 денови кога Советот за безбедност на ОН усвои резолуција во која без одлагање се бара примирје во Сирија, стигнале три наводи за напади со хлор во текот на засилената воена кампања на сириските власти против бунтовниците.

SlobodnaEvropa.mk 

Републиканците сметаат дека немало заговор меѓу Русија и Трамп

Републиканците во Комитетот за разузнавање на американскиот Конгрес соопштија дека соодветната комисија ја завршила истрагата за руската вмешаност во претседателските избори во 2016 година. Таа заклучила дека немало заговор меѓу Кремљ и кампањата на претседателот Доналд Трамп. Нацрт извештајот бил поздравен од Трамп, но отфрлен од демократите во Комитетот. Републиканците соопштија дека се согласуваат оти Русија сакала да влијае врз изборите со ширење пропаганда и лажни вести на социјалните медиуми.

SlobodnaEvropa.mk 

Уште една европска влада во криза, словачката

Масовните протести поради убиството на еден новинар кој ги истражувал таканречените Панамски документи ја доведоа словачката влада во криза. Тоа е уште една европска земја која по долгогодишна стабилност се соочи со таква закана.

SlobodnaEvropa.mk 

Путин: во мешањето на изборите во САД можеби биле Украинци, Татари и Евреи

Неодамнешната сугестија на рускиот претседател Владимир Путин дека Евреите и другите малцинства во Русија би можеле да бидат зад мешањето во претседателските избори во 2016 година предизвикаа реакции во САД. Лигата за борба против клевета изрази надеж дека Путин „брзо ќе ги разјасни“ неговите забелешки направени во интервју за Ен-Би-Си, пред да предизвикаат понатамошна штета врз заедниците што ги посочи. Во интервјуто Путин запрашан за мешање на Русија во изборите рече: „Можеби тие не се ни Руси... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот помошник државен секретар Мичел во Македонија

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел денеска доаѓа во посета на Македонија на разговори на кои, како што вчера изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, прашањето за името ќе биде една од главните теми. Од македонска страна, посочи Димитров, ќе биде поставено и прашањето за шансите Македонија годинава да стане дел од НАТО, за динамиката на одлуките на Самитот на Алијансата во јули оваа година, како и некои други прашања во контекст на перспективите на регионот. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови значително облачно со локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од 5 до 19 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 16 степени.