World News in Macedonian
Декабрь
2019

Новости за 31.12.2019

SlobodnaEvropa.mk 

Протест пред амбасадата на САД во Багдад

Илјадници демностранти денеска ја опколија американската амбасада во Багдад, во знак на протест поради неодамнешните воздушни напади на САД во кои беа убиени најмалку 25 припадници на милитантната група „Катаиб Хизболах“ во Иран и Сирија. Демонстрантите со камења удираат во прозорците и ги палат ѕидовите на амбасадата. Безбедносните сили испукаа гранати за зашеметување и солзавец во обид да ги ратераат луѓето собрани пред комплексот. Персоналот на амбасадата и американскиот амбасадор беа евакуирани... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Осуда на ССНМ и ЗНМ за заканите кон новинарите на ИРЛ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осуди заканите кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), по добиени пријави дека закани биле упатувани кон новинарката на ИРЛ Маја Јовановска за објавена истражувачка сторија во која се истражувани постапките при градежни активности во скпската населба „Тафталиџе.“ Осуда за притисоците кон Јовановска даде и Здружението на новинари на Македонија, посочувајќи дека заканите кон екипата на ИРЛ се „сериозен... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Судија се повика на судскиот имунитет во истрага за нелегална приватизација

Првоосомничениот судија во истрага за нелегална приватизација, денеска сам се пријави во судот и се повика на судскиот имунитет во врска со предлогот на Обвинителството за определување мерка притвор, соопшти Кривичниот суд. Вчера Основното јавно обвинитество за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека е отворена истрага за вкупно осум лица кои се сомничат за кривично дело Злоупотреба на службена положба и оти за шест од нив е даден предлог за определување притвор, додека за две лица определување мерки на претпазливост... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Русија и Украина потпишаа петгодишен договор за транзит на гас

Русија и Украина потпишаа петгодишен договор од 7 милијарди долари за транзит на рускиот природен гас во Европа, по интензивни преговори пред рокот кој истекуваше на крајот на годината. Договорот беше потврден од страна на украинските и руските државни комании за гас, како и од украинскиот претседател Володомир Зеленски во пост на социјалните медиуми. Моменталниот договор истекуваше на 31 декември, ризикувајќи ја виталната врска на Европа со милијарди метри кубни гас од Русија преку украинските цевководи. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Пендаровски - Граѓанско помирување втемелено врз правда

Претседателот Стево Пендаровски во честитка за новогодишните празници наведува дека посакува благосостојба во државата втемелена врз евро-атлантска безбедност и вредности, граѓанско помирување втемелено врз правда, здрава животна средина и повеќе мѓусебна почит на граѓаните. „Посакувам во 2020 година во нашиот заеднички дом да владее мир и спокој до кој ќе стигнеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Вистинско помирување ќе имаме тогаш кога сите ние кои живееме во оваа држава ќе бидеме еднакви граѓани... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Новиот амбасадор на САД во Русија се сретна со неговиот руски колега

Новоназначениот американски амбасадор во Русија Џон Саливан се сретна со неговиот руски колега Анатолиј Антонов во Вашингтон. „Двете страни разменија мислења за тековниот статус и потенцијалниот развој на односите меѓу Русија и САД “, соопшти руската амбасада во изјава по состанокот. Сенатот го потврди назначувањето на Саливан, кој служеше во две претходни администрации и е близок сојузник на државниот секретар Мајк Помпео. Тој даде заклетва на 23 декември. Саливан, како земеник државен секретар... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска - ведро и студено

Времето денеска ќе биде ведро и студено, преку денот претежно сончево. Кон крајот на денот ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а за време на новогодишната ноќ ќе преовладува до умерено облачно време со слаб умерен, а во втората половина на ноќта на места засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до 10 степени, а дневната температура од три до осум степени. Во Скопје ќе биде ведро и студено, преку денот претежно... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп пред импичмент, Британија пред развод, а светот се соочува со катастрофи

Трамп има импичмент, Макрон се пожестоки протести, а Британија го трасира патот за излез од Унијата. Тука беа и изборите за Европскиот парламент, вонредните избори во Грција и Британија, локалните во Турција. Од она пак што веќе се нарекува нова нормалност потсетуваме на поплавите, катастрофите и земјотресите кои зафатија многу места во светот.