World News in Macedonian

Протест пред амбасадата на САД во Багдад

Илјадници демностранти денеска ја опколија американската амбасада во Багдад, во знак на протест поради неодамнешните воздушни напади на САД во кои беа убиени најмалку 25 припадници на милитантната група „Катаиб Хизболах“ во Иран и Сирија.


Демонстрантите со камења удираат во прозорците и ги палат ѕидовите на амбасадата.


Безбедносните сили испукаа гранати за зашеметување и солзавец во обид да ги ратераат луѓето собрани пред комплексот.


Персоналот на амбасадата и американскиот амбасадор беа евакуирани, откако претходно демонстрантите скршија врата и палеа американски знамиња.


Во видео снимките од Багдад се гледа како илјадници демонстранти маршираат да се приклучат на протестот пред амбасадата.

Читайте на сайте