World News in Macedonian
Январь
2024

Новости за 11.01.2024

SlobodnaEvropa.mk 

Американската и британската црна листа ќе влезат во македонските закони

Преку законски измени се планира да се наметне обврска и на обвинителството да отвори предмет доколку владата воведе рестрикции за некој што ќе најде на црните листи на САД и Велика Британија. Се предвидува и времено отстранување од функции во случај за некого да се покрене обвинение.

SlobodnaEvropa.mk 

Во Косово за антибиотици не треба рецепт, доволни се само пари

Пациентите често доаѓаат со барање да им се дадат антибиотици кои ги користеле членовите на нивното семејство или соседите и дека често се случува да не го знаат ни името на тие лекови, туку само да кажат „дај ми ги тие капсули што се црвено-црни“, вели доктор Валдет Хашани од Приштина.

SlobodnaEvropa.mk 

На распуст без учебници – неизвесност и во второто полугодие

Најголем проблем има за учебниците за новиот предмет Историја и општество, за кои рецензенти нема или се откажуваат заради сомневања за грешки во содржината. Министерството за образование ќе предложи - недостигот на рецензенти да се покрива со советници вработени во Бирото за развој на образование.

SlobodnaEvropa.mk 

Нема празници за вработувања во администрација, нови огласи за над 500 луѓе

Повеќе од 500 административци се бараат на огласите распишани во последните денови од минатата и во првите од годинава, покажуваат податоците на Агенцијата за администрација. Опозицијата обвинува за предизборен поткуп, власта, пак, вели дека има реална потреба од нов кадар во јавната администрација.

SlobodnaEvropa.mk 

Греење на дрва и јаглен најефтино, но и една од главните причини за загаденоста во Сараево

Многу луѓе во Сараево сè уште користат дрва и јаглен за да ги загреат своите домови во зима, што го зголемува високото ниво на загадување на босанскиот главен град. Новообјавениот план вели дека градот мора да ги намали емисиите за 90 отсто за да го подобри квалитетот на воздухот за своите граѓани.