World News in Macedonian
Январь
2024

Новости за 28.01.2024

SlobodnaEvropa.mk 

Македонското Собрание ја изгласа техничката влада

Северна Македонија ја доби третата преодна (техничка) влада по 2016 година, чиј претседател е Талат Џафери од ДУИ. Тој вети дека преодната влада нема да дозволи да се наруши изборниот процес. Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ не гласаше и не го прифаќа Џафери за премиер.

SlobodnaEvropa.mk 

Славески: Со буџетски пари, секој возач може да биде директор на ЈСП

Иако субвенциите од 11 милиони евра за плати во ЈСП треба да бидат до крајот на годината, сигурен сум дека наесен повторно ќе се побараат пари, вели во интервју за РСЕ претседателот на Советот на град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески. Според него, факт е дека нема позначителен напредок во услугата што ја добиваат граѓаните во јавниот превоз.

SlobodnaEvropa.mk 

Славески: Нова алтернатива на Арсовска е зомби партија

Амбицијата на Данела Арсовска за влез во високата политика никогаш не била напуштена, а градоначалничката функција ја смета како отскочна штица за нешто поголемо, но, тоа се илузорни амбиции, вели претседателот на Советот на град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески.