World News in Macedonian
Апрель
2024

Новости за 10.04.2024

SlobodnaEvropa.mk 

Австрија во епицентарот на шпионски скандал

Австрија се соочува со најголемиот шпионски скандал во последните децении. Неодамнешното апсење на поранешниот разузнавач Егисто От откри детали за обемна руска инфилтрација, шпионски операции низ Европа и за слабиот официјален надзор, објавија светските медиуми.

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе донесат ли парламентарните избори и предвремени за градоначалници?

Во изминатите пет години во седум општини се избираа градоначалници надвор од редовните термини. Вакво сценарио може да ги очекува и скопјани и тетовци, како и жителите на Сарај, чиј градоначалници сакаат да станат пратеници и на претстојните парламентарни избори настапуваат како носители на листи.

SlobodnaEvropa.mk 

Политичарите насмеани „од високо“, дел од рекламирањето во сива зона

Вкупно 12 компании доставија понуди до ДИК за рекламирање на билборди и паноа на претседателските кандидати. Едни непознати, други етаблирани во јавноста, трети - сопственици со „бекграунд“. Сепак, останува нерегулирано друг вид на надворешно рекламирање - на автобуски постојки и со мегаборди на фасади на зградите, кое е надвор од Изборниот законик.

SlobodnaEvropa.mk 

„Најди ме“, а не злоупотребувај ме!

„Најди ме – Систем за рано предупредување за исчезнати деца“ итно ги алармира граѓаните со цел ако имаат некакви информации за официјално потврдено исчезнување лица, но некои го злоупотребуваат. На пример, свекрвата ја пријавила снаата за исчезната, а таа всушност се скарала со сопругот и заминала кај нејзината мајка. Во ова издание на „Зошто“ разговараме за таканаречениот Амберт алерт со Наташа Доковска, новинарка и Програмски директор на невладината организација „Новинари за човекови права“.