World News in Macedonian
Апрель
2024

Новости за 12.04.2024

SlobodnaEvropa.mk 

Повисоките плати ќе го зголемат дефицитот и државниот долг

Платите растат, иако работниците велат дека тоа е недоволно за да се издржи високата инфлација. Светската банка предупредува дека платите не се во согласност со продуктивноста на економијата. Трошиме повеќе отколку што создаваме и со тоа ќе се зголемува дефицитот во Буџетот, но и државниот долг.

SlobodnaEvropa.mk 

Волче – село на тројца жители и петмина гласачи

На стотина километри од Скопје, во Порече се наоѓа Волче. Македонско село кое пред половина век било дом на речиси 300 жители. Денес е на работ на заборав. Во Волче, за претстојните избори, според лична карта, регистрирани се само петмина гласачи – сите мажи. Село Волче е на работ да им се приклучи на 205-те напуштени населени места во државата, според пописот од 2021.

SlobodnaEvropa.mk 

На руско семејство му се заканува депортација од Србија

Семејството Терек се преселило во Србија од Русија во 2019 година, барајќи подобар живот. Најдоа работа, платија даноци и велат дека никогаш не правеле проблеми. Но, сега Србија им се заканува дека ќе ги депортира. Официјални лица одбиваат да објаснат зошто семејството било означено како „неприфатлив безбедносен ризик“.

SlobodnaEvropa.mk 

Дали она што не може да се купи со пари, може да се купи со многу пари?

Јавни и скриени трошоци во кампањите за претстојните избори. Административци се откажуваат од учеството во изборните комисии, иако се плаќа. Бројот на туристи се зголемува, но не и профитот од туризмот.