World News in Macedonian
Май
2024

Новости за 22.05.2024

SlobodnaEvropa.mk 

ДУИ во минус, Вреди со плус пратенички мандат

Прегласувањето во седумте избирачки места во двете изборни единици - донесе и делумно нов распоред на силите во пратеничкиот состав во законодавниот дом. Влен му „зема“ пратеник на ДУИ во шестата изборна единица. Во петката, ситуацијата со пратеничките мандати останува непроменета.

SlobodnaEvropa.mk 

Доаѓаат да работат, па ќе побегнат во ЕУ

Македонските угостители увезуваат работна сила од Далечниот Исток откако домашните почнаа да заминуваат на работа во Хрватска. Причина за заминувањето се ниските плати од 350 до 500 евра. Но тоа е една од причините и што и увезените работници од Непал, Индија, Пакистан бегаат во земјите на ЕУ.

SlobodnaEvropa.mk 

Фросина Манева – Успешна боксерска судијка во свет на судии

Фросина Манева 15 години тренирала, а 11 години суди на натпревари во бокс. Таа е единствената македонска судијка во овој спорт. Неодамна стигна до втора ѕвезда од можни три, од Меѓународната боксерска асоцијација. Со неа и нејзините колеги зборувавме за тоа како е да се биде судијка во спорт каде доминираат судии.

SlobodnaEvropa.mk 

Изборна битка во петка и шестка за две пратенички места

Гласачите во седум избирачки места во две изборни единици ќе одлучуваат можеби и за преструктуирање на пратеничките сили во Собранието. Изборниот резултат од прегласувањето може да влијае врз конечниот број на пратенички места, за двајца пратеници.