World News in Macedonian
Май
2024

Новости за 23.05.2024

SlobodnaEvropa.mk 

Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата за геноцидот во Сребреница

Со 84 гласови „за“ од 193 членки на Генералното Собрание беше усвоена Резолуцијата со која се осудува негирањето на геноцидот и величење на воените злосторници. Српскиот претседател Вучиќ повика да не биде усвоена зошто нема да придонесе кон помирување во Босна и Херцеговина и во регионот

SlobodnaEvropa.mk 

Касами и со владин црвен картон не го напушта стадионот во Тетово

Иако Владата даде црвен картон за реконструкцијата на градскиот стадион во Тетово, градоначалникот Биљал Касами не планира да ги запре активностите. Во истражување на случајот се вклучени неколку државни институции за да се утврди потенцијалната незаконитост на постапката. Ако тое се утврди, Владата предлага и кривична одговорност.

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешни министри, лекари и директори се новите пратеници

Идната владејачка коалиција на десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата од албанскиот политички блок, Влен засега тежат најмалку 72 пратенички мандати. На првата конститутивна седница следната недела пратеничка заклетва ќе дадат поранешни министри, доктори и директори.