World News in Macedonian
Июнь
2025

Новости за 08.06.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Колку би можел бизнисот на Маск да изгуби од конфликтот со Трамп?

Клучните компании како SpaceX и Starlink имаат договори со владата на САД. Други како Tesla имаат корист од владини субвенции. Но, во исто време, некои од нивните активности се неопходни за владата на САД. Колку би можел бизнисот на Маск да изгуби од неговиот конфликт со Трамп? Најбогатиот човек на планетата се скара со американскиот претседател, но има замка во расправијата меѓу Илон Маск и Доналд Трамп. Главните бизниси на Маск се со седиште во САД. Неговите компании зависат од владини регулативи... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Колумбиски претседателски кандидат застрелан на предизборен митинг

Конзервативниот сенатор Мигел Урибе, кандидат за претседател на Колумбија на изборите следната година, беше ранет во Богота за време на предизборен митинг. Видео објавено на социјалните мрежи покажува истрели додека 39-годишниот политичар држи говор на предизборен митинг западно од колумбиската престолнина, објави АФП. Градоначалникот на Богота, Карлос Галан, изјави дека Урибе е во болница и дека „напаѓачот е уапсен“. Осомничениот напаѓач е малолетник кој отворил оган околу 17:30 часот по локално време. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Избори во две мали општини - тест за моќта на Вучиќ

Локалните избори на 8 јуни во Косјериќ и Заечар - општини во западна и источна Србија - се очекува да бидат првиот изборен тест за владата и опозицијата во Србија откако избувнаа студентските протести по уривањето на засолништето на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Во обете општини, Српската напредна партија (СНС), основана од српскиот претседател Александар Вучиќ, е на власт со години. Поради оваа причина, иако се општини со малку жители, тие станаа важна тема во последните... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп ја испрати националната гарда во Лос Анџелес за смирување на немирите

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди 2.000 припадници на Националната гарда на САД да бидат распореди во Лос Анџелес и Калифорнија во саботата, пренесоа светските агенции. Ова следува по два последователни дена судири меѓу демонстрантите и имиграциските власти, додека луѓето протестираа против кампањата на администрацијата на Трамп за масовни апсења на нелегални имигранти. За време на протестите, агентите на Службата за имиграција и царина (ICE) притворија десетици имигранти за кои се сомневаше дека се нелегално во САД... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трагедијата во Кочани - рефлексија на руинираниот систем

Високиот пад во довербата во институциите и партиите, изминативе години, е резултат на руинираниот систем и неказнивоста на корупцијата, вели Директорот на МЦМС, Александар Кржаловски за РСЕ. Тој смета дека тоа што владата го прави, на тој план вклучително и со истрагата за трагедијата во Кочани е чекор во добра насока, но дека треба да се види како сето тоа ќе се заврши.

SlobodnaEvropa.mk 

Недоличната реторика Арсовска – Ганиу ќе ја одбележи предизборната кампања

Веќе гледаме со настапите на градоначалниците на Скопје и на Чаир, дека таа реторика и однесувањето е недолично и на ниско ниво. Тоа веројатно ќе го одбележи и натамошниот тек на кампањата, вели во интервјуто за Слободна Европа, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски. Со него разговараме и за корпуцијата и недовербата во институциите на системот.