World News in Macedonian
Июнь
2025

Новости за 13.06.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинение против 34 лица за катастрофалниот пожар во Кочани

Обвинителството поднесе обвинение за пожарот во кочанската дискотека Пулс во која загинаа 62 луѓе. Обвинети се 34 лица кои со постапувањето или непостапување во системот предизвикале да се случи катастрофата. Во обвинението се опфатени и трите фирми на сопственикот на дискотеката кој е првообвинет.

SlobodnaEvropa.mk 

Филков: Правиме напори пет од реформските законски побрзо да влезат во собраниска процедура

За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни, 2025 година Министерството за правда прави напори најдоцна до 23. месецов да влезат во собраниска процедура, вели министерот за правда Игор Филков на почетокот на денешниот брифинг со медиуми. Тој уверува дека најголемиот дел од законите се доставени и се во владина постапка. За три од законите од Реформската агенда е потребно Бадентерово мнозинство. Филков рече дека ова е работа за која сите треба да бидат свесни... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот напад е шокантен за иранската војска, но може да го зајакне нуклеарниот поход на Техеран

Масивниот напад на Израел врз Иран се чини дека го шокираше военото раководство на земјата и можеби го одложи непосредниот одмазднички удар. Но, останува нејасно дали ја постигна својата примарна цел: осакатување на нуклеарната програма на Иран, за која Израел тврди дека Техеран е блиску до нуклеарно вооружување, додека Иран вели дека е програмата е исклучиво за цивилни цели. Премиерот Бенјамин Нетанјаху и други израелски претставници тврдат дека Иран неодамна ги забрзал напорите за збогатување на... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Николоски: Соработката со Унгарија никогаш не била на повисоко ниво

Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво. Посветено работиме на реформските процеси, државата ја упатуваме во вистински правец на просперитет, а процесите се силно поддржани од нашите партнери Владата на Унгарија, истакнал вицепремиерот Алекандар Николоски на средбата со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој денеска 13 јуни претстојува во официјална посета на Скопје. Како што соопштија од Министерството за транспорт, министерот Сијарто... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

МНР апелира до македонските граѓани да не патуваат во земјите од Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Израел спроведе, како што ги нарече, „превентивни“ напади врз иранските нуклеарни објекти и воени локации низ целата земја на 13 јуни, со предупредување дека нападите ќе продолжат сè додека е потребно... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

За про-Кремљ медиумите, немирите во Лос Анџелес, се „граѓанска војна“

Руски експерти и медиуми, кои се пријателски настроени кон Кремљ, се радуваа на секоја снимка од демонстрациите во Лос Анџелес оваа недела, некои прогласувајќи дека Соединетите Држави се во нова „граѓанска војна“.

SlobodnaEvropa.mk 

Индиските власти почнаа истрага за падот на авионот на Ер Индија

Индиските власти започнаа целосна истрага за падот на патничкиот авион на Ер Индија што се урна кратко по полетувањето од Ахмедабад. „Во падот загинаа 241 од 242 патници и членови на екипажот, потврдија вчера официјални лица. Авионот, кој леташе од Ахмедабад до Лондон, се урна во густо населена станбена област“, предизвикувајќи пожар и голем број цивилни жртви на земја, вклучувајќи неколку студенти кои биле во блискиот студентски дом на медицинскиот колеџ. Индискиот премиер Нарендра Моди го посети... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Израел ги нападна нуклеарните и воените постројки на Иран

Израел спроведе, како што ги нарече, „превентивни“ напади врз иранските нуклеарни објекти и воени локации низ целата земја на 13 јуни, со предупредување дека нападите ќе продолжат сè додека е потребно, за да се спречи Техеран да произведува нуклеарно оружје. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел започнал, како што рече, насочена воена операција „за да ја отстрани иранската закана за самиот опстанок на Израел“. Тој рече дека нападот „ќе продолжи онолку дена колку што е потребно за да се отстрани оваа закана“. Читать дальше...