World News in Macedonian
Сентябрь
2025

Новости за 21.09.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Пожар кај аквадуктот во Скопје, Ангелов: ставен е под контрола, но пожарникарите биле попречувани

Пожарот што попладнево избувна на отворен простор во близина на римскиот аквадукт во Скопје е ставен под целосна контрола, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Огнот зафатил трева, грмушки и поголема количина расфрлан отпад. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, изјави дека се очекува пожарот во краток рок да биде целосно изгаснат. Тој информира дека екипите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје веднаш излегле на терен, но биле попречувани при гаснењето од лица од... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Студентите во блокада: Кој забрани дел граѓани на парадата во Белград?

Студентите што го блокираа Универзитетот во Белград во денеска прашаа по чија наредба полицискиот кордон опколи група граѓани кои дојдоа да присуствуваат на воена парада на покана на студентите. „И покрај искрената желба на граѓаните да ја поддржат својата армија на покана на студентите, тие беа спречени да влезат на јавниот настан“, напишаа тие на социјалната мрежа Инстаграм. Тие оценија дека воената парада под слоганот „Моќта на единството“ покажа „сè освен тоа“. „Зошто, токму на денот кога го славиме единството и силата на народот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Велика Британија, Австралија и Канада ја признаа палестинската држава

Велика Британија, Австралија и Канада во неделата ја признаа палестинската држава, што е голем пресврт во децениската западна надворешна политика што брзо го предизвика гневот на Израел. Португалија, исто така, треба да ја признае палестинската државност во недела, бидејќи Израел се соочува со зголемен меѓународен притисок поради војната во Појасот Газа, која беше предизвикана од нападот на 7 октомври 2023 година од страна на палестинската група Хамас - која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски - Владата подготвува мерки за високите цени на храната

Во тек е креирањето на нови мерки со кои Владата ќе се обиде да им излезе во пресрет на граѓаните поради високите цени на прехранбените производи во маркетите. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека институциите веќе делуваат на терен. „Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политиките што ги водиме не значи дека не се грижиме. Секојдневно Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита од конкуренција се на терен, дури има одредени постапки што се почнати и покренати,“ рече Мицкоски. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

30 лица уапсени на антимигрантски протест во Холандија

Триесет лица беа уапсени, а полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера антиимиграциските протести во Хаг на 20 септември. Околу 1.500 лица блокираа автопат, полициско возило беше запалено, а двајца полицајци беа повредени во судирите со демонстрантите. Илјадници се придружија на протестот организиран од десничарски активист, барајќи построги миграциски политики и репресија врз барателите на азил. Земјата треба да одржи избори за нешто повеќе од еден месец. Локалните медиуми објавија дека демонстрантите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп му се закани на Авганистан ако не ја врати воздухопловната база Баграм

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека „ќе се случат лоши работи“ ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на САД, што Талибанците претходно одбиваа да го сторат. „Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на луѓето што ја изградија, на Соединетите Американски Држави, ќе се случат лоши работи“, рече Трамп во објава на платформата Truth Social на 20 септември. На прашањето на новинарите во Белата куќа дали би размислил за испраќање војници за повторно преземање на базата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сиљановска-Давкова во САД на 80. Генерално собрание на ОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска заминува во работна посета на Соединетите Американски Држави, каде што ќе учествува на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Сиљановска-Давкова ќе се обрати на генералната дебата и ќе учествува на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво што се одржуваат во рамки на Генералното собрание. Предвидена е и средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и билатерални средби со светски лидери. Годинашната сесија се одржува под мотото... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Живковски: На најмалку пет геодетски фирми им се одземени лиценците

Внатрешната контрола на Агенцијата за катастар на недвижности им ги одзела лиценците на најмалку пет геодоски фирми во државата. Причината за тоа се неприкажување на реална фактичка состојба на терен, вели директорот Иван Живковски во интервју за Радио Слободна Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Живковски: Ревизори ја проверуваат работата на Катастар

Откако лани премиерот Христијан Мицкоски кажа дека Катастарот се ослободува од криминалот без да соопшти детали, годинава по барање на директорот на Катастарот ревизори ја проверуваат работата на Агенцијата.

SlobodnaEvropa.mk 

Зошто Трамп сака да ја врати воената база Баграм во Авганистан под контрола на САД?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му се закани на Авганистан со неодредени „лоши работи“ доколку не ја врати големата воздухопловна база Баграм, надвор од Кабул, на Соединетите Држави — барање што претходно беше одбиено од страна на талибанските власти во земјата. „Ако Авганистан не ја врати воздухопловната база Баграм на оние што ја изградија, Соединетите Држави, ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ЛОШИ РАБОТИ,“ напиша Трамп на 20 септември на Truth Social. Запрашан од новинарите во Белата куќа дали би размислил за испраќање трупи за повторно преземање на базата... Читать дальше...